Со оваа okyпаторска власт предводена од СДСМ, Македонија уназадува на секое поле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно” говореше за набавката на вакцини против КОВИД-19 и посочи дека луѓето од власта правеле бизнис со ова, а за тоа никој не одговара, ниту пак обвинителството покрена истрага за целиот овој случај.

-Во Македонија има 5.000 починати од корона, а луѓето од властa правеле бизнис за набавка на тие кинески вакцини и никому ништо, ниту некој одговара, ниту некој беше повикан во обвинителство, ниту обвинителствотo покрена истрага, рече Пандов во своето гостување.

Тој во текот на своето гостување посочи дека со оваа окупаторска власт предводена од СДСМ, Македонија уназадува на секое поле.

-Ние сме сега над 7 милијарди евра задолжени, значи дупло за овие 3-4 години го имаат зголемено долгот. Со задолженоста која беше додека ВМРО-ДПМНЕ владееше се градеа автопати и сега ги уживаме тие автопати, се изградија исто така спортски арени, се изгради Македонскиот Национален Театар, што не се направи. Сега од оваа влада не видовме ништо, а толку пари се потрошија. Ова сега што го прави Царовска, дали во било која област ние имаме само уназадување во буквална смисла на зборот. Оваа власт се однесуваат како окупаторкса власт кои зимаат од државата и од народот колку можат повеќе.Кога говориме за трошење на такви пари од буџетот тоа се пари на сите нас, не се тоа пари на СДСМ, додаде Пандов.

Пандов укажа дека изборот на претседател на Уставен суд односно Добрила Кацарска е личност која им одговара на власта и Зоран Заев затоа што може да ја командаат.

-Власта има претседател на Уставен суд кој им е на ланец и кој може да го командаат. Сето ова на Зоран Заев му одговара затоа што тој Уставен Суд еве четири години се поминати чекаме да се изгласа дали било уставно Тала Џафери да биде претседател на Собрание. Колку работи се случија, злоупотебувајќи го тој 27 Април и тој неуставен избор на Талат Џафери, а Уставен суд си молчи, кажа Пандов.

Пандов во своето гостување додаде дека иако во државата се случува многу криминал и корупција од страна на власта, ВМРО-ДПМНЕ излегува јавно го кажува тоа, но институциите си молчат.

-Во државата владее многу криминал и корупција од страна на власта предводена од СДСМ. За сето ова ВМРО-ДПМНЕ јавно излегува и ги кажува нештата, но институциите молчат, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This