(Видео) Митовски: Ако зacтанам тука и се иcплaшaм, што му останува на народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата „Јади Бурек“ проговоре зошто се одлучил да гради кариера во новинарството, а не во правото кое е негова струка.

Уште во првите неколку дена по полагањето на правосудниот испит, вели тој разбрал како функционира правото во Македонија и што се случува зад завесата во куоларите и како се носат пресуди. Тој ден истакна Митовски дека се решил со новинарството да ја крене таа завеса за граѓаните.

Митовски потенцираше дека Инфомакс оди по линијата на она коректно и професионално новинарство и некоректност која посочи тој е секогаш во корист на јавноста.

Како пример Митовски го зема случајот „Рекет“ и посетите на Радмила Шекеринска во домот на Бојано Јовановски заедно со Катица Јанева.

Шекеринска тогаш го обвини Инфомакс за ширење на лажни вести, но потоа се појави и фотографија од средбата во домот на Бојан Јовановски.

Митовски напомена дека вистината чини, а него го чинише условна затворска казна од 6 месеци.

Тој ја потсети јавноста дека беше осуден за објавување на исказ за случајот „Рекет“ во едно рочиште во рок од 45 минути.

Сепак, вели тој дека стравот во оваа професија е недозволив бидејќи стравот не оди рака под рака со вистината.

-Ако застанам и се исплашам тука што му останува на народот, потенцираше Митовски.

Емисијата можете да ја гледате во живо тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This