СО УРГЕНИЦИЈА НА ВЛАДАТА СТОПИРАНА ПЕТИЦИЈАТА НА ЈАНЕВ: Власта прави се за да се протурка Северна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност. Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН.  Денес Јанев работи како научен советник на Институтот за политички студии во Белград, а инаку е автор на 18 книги и досега има објавено во меѓународните списанија повеќе од 170 научни трудови од областа на дипломатијата и на меѓународното право.

-Од почеток на проблемот со името во ООН 1993., политички тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура. Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава.

Со Новата планирана од Македонија и Грција Трајна спогодба (Компрпмис за името-идентитеот), Времената спогодба ќе се замени, но нема да се поништи претходната пресуда, посебно не онаа од Хаг, но битно е дека со новото име, сегашна привремената референца ќе се замени со нелегитимна ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА. Односно со нова нелегитимна референца која не е израз на воља на народот.

Оваа како договорно и компромисно воспоставен идентитет не е легитимна како назив, а со тоа тешко дека ќе може да биде одржливо легално решние, бидејки подразбира дека претходно постоел СПОР или РАЗЛИКА околу името, а споровите за државни имиња не постојат, ниту можат да постојат, па произлегува дека компромисно име е наметнато (како и привремената референца), а не е израз на ВОЉА на народот. Избор на името на народот, нацијата, па оттаму и уставното име (како основна уставно-правна категорија) е основно право на народот, а уставното име е JUS COGENS во внатрешната јурисдикција на државата, како основно државно право.

Од фактот дека новото име не претставува израз на Суверена Воља на народот, таков назив не е државно име и нема легитимитет (пристанок) на народот, туку се работи за ВЕШТАЧКА ТВОРБА или рефернца креирана со компромисен меѓународен договор! Оваква Творба е ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА односно ВЕШТАЧКА ТВОРБА. Она нема изворен и директен (народен) легитимитет.

Пресудата од Хаг јасно укажува дека не постоји ниту иредентизам, ниту кражба или фалсификат на името (идентитеот) и историјата, и конескветно дека сите Грчки барања се нелегитмни и без правен основ. Овој став на Судот и по натаму останува правно релевантен.
Но при разгледувањето на предметот во Судот, фактот дека Времената Спогодба не е ратификувана во Грчкиот парлмент не беше пречка да се Судот прогласи за надлежен и да се потврди дека се работи за валиден документ. Ова е и општото правило, бидејки меѓународни спогоби не мораат да бидат ратификувани за да имаат меѓународно-правно дејство.

Сега ако се склучи потпишување на новата спогодба, независно да ли е потпишана од Претседателот, Премиер или Министер на МНР, таа ке биде валиден правно обврзувачки меѓународен акт, независно од тоа што не се, пример, почитувани домашни процедури или надлежности. Исто така ако истата не биде ратификувана, тоа нема да влиае на правното дејство односно таа ке биде валиден правно обврзувачки документ.

Од политичка гледна точка, за мене најинтересно е дека фактори во Македонија не разбираат дека проблемот има СИСТЕМСКИ карактер, односно не зависат од добра или лоша воља на двете или само една страна. Во Општата Теорија на Системи е познато дека со вложување поголема енергија не се добива пропорцијален ефект, туку резултат може системски да биде и (значително) намален аутпут. Синергистички односно колективни ефекти можаат да бидат со негативен принос односно со ентрописки карактер.
Со интензивирање на преговорите резултнта е се полоши предлози од Грчката страна, дури многу полоши и од дифолтната референца која е и основната полазна причина за наметнато преговарање (со мотивациона интенција да се добије подбро решение од полазно те. од референцата). Нормално, сега сите Грчки опции се под нивото на неприфатлива референца (по содржина), а идната РЕФЕРЕНЦА уште понеповолна, треба да стане и трајно решение или потчно трајната референца на тнр. „проблемот”. Од таа гледна точка проблемот нема решние.

(Ме потсетува на студени математичари кои на последната година на ПМФ не калкурираат конкретни решенија, туку само докажуваат (како напреден ниво) ЕГЗИСТЕНЦИЈА на решение за поставен проблем.), пишува Јанев во објаснувањето за петицијата.

https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22536483

Сега петицијата на Игор Јанев е блокирана поради како што вели тој ургенција од владата и директно од Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This