СПАСОВСКИ:Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот. Одговорноста треба да ја преземат оние што одредуваат мерка притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Груевски до вчера до 16:30 часот, додека Судот ја издаде наредбата и потерницата беше слободен. Тој има лично обезбедување, кое го користи на повик, но тоа не е обезбедување кое 24 часа е со него пред станот или кај и да се движи. Дваесет и четиричасовното обезбедување кое го има лично го користи на негов повик и последен пат неговото обезбедување го оставило дома на 8 ноември, некаде околу 23 часот, според изјавите на припадниците на обезбедувањето, истакна Спасовски во изјава за медиумите, по регионалната конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“ одговарајќи на новинарски прашања.

За тоа што Груевски во моментов е бегалец смета дека одговорноста треба да ја преземат оние што одредуваат мерка притвор.

–Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат.  Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Замислете, притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за вакви случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски.

Истакна не е законски полицијата да следи такви лица. -Спротивно на законот е ако продолжиме да следиме како што следеа порано, тогаш ќе имаме сериозен проблем. Следењето треба да биде врз основа на закон, рече Спасовски и додаде дека во однос на можноста за распишување меѓународна потерница тоа е работа на судот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This