СПАСОВСКИ: Владата со економски мерки ќе спасува 250 000 работни места загрозени од коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

реку три економски мерки, Владата ќе ги помага фирмите и физичките лица кои извршуваат самостојна дејност за да се справат со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција соопшти дека Владата преку уредби со законска сила ќе обезбеди директна финансиска помош од 14 500 денари по работник во приватниот сектор, можност за субвенционирање на 50 проценти од придонесите на платите и финансиска поддршка за физичките лица кои извршуваат самостојна дејност во висина до 14 500 денари. Сите овие мерки се однесуваат на април и мај.

Финансиска поддршка од 14 500 денари по работник
Првата мерка предвидува директна помош од 14 500 за секој вработен за април и мај, и се однесува на сите приватни фирми погодени од кризата. Според податоците со кои располага државата, 78 проценти од сите фирми во земјата ги исполнуваат условите за да аплицираат за мерките. Тоа во бројки, како што рече Спасовски, изнесува 250 000 работници и 35 000 компании.

Вкупната максимална сума што би ја добил секој работник кој е вработен на неопределено полно работно време за два месеца е 29 000 денари. Доколку работникот е ангажиран на скратено работно време, тогаш сумата ќе биде сразмерна на работните часови. Мерката се однесува на сите работодавачи што вработуваат лица на неопределен време и ангажирале работници преку агенции.

Барањата за ваква финансиска поддршка, работодавачите ќе ги поднесуваат до УЈП преку системот е-даноци, најдоцна до 5 во месецот за претходниот месец. УЈП ќе оценува дали документацијата е комплетна и дали се исполнети барањата, по што ќе го извести работодавачот за сумата што ќе ја добие, а Владата за тоа колку компании го исполнуваат условот.

Доколку од некои причини работодавачот не ги исполнил условите од барањата, тогаш добиената сума треба да ја врати со камата. Исто така, овие фирми кои ќе добијат ваква финансиска поддршка имаат обврска да го задржат истиот број вработени како во моментот на аплицирање за оваа поддршка во следните 4 месеци, односно до септември 2020 година, со исклучок на оние што ќе заминат под други услови, како на пример пензионирање.

Субвенција на 50 отсто од придонесите
Втората мерка е државата да покрива 50 проценти од придонесите на платите на работниците во приватниот сектор. Оваа мерка на субвенционирање предвидува државата да покрива 50 проценти од висината на придонесите на платата, која не смее да е повисока од сумата што се исплаќа за просечната бруто-плата по работник, според Заводот за статистика исплатена во јануари 2020.

Оваа мерка, според Спасовски, би опфатила околу 20 проценти од осигурениците или 53 000 лица, за што би се издвојувале 284 345 денари месечно.

Спасовски потенцира дека ова е алтернативна мерка на првата со субвенционирање плата од 14 500 и никако не може да се користат двете мерки, туку компанијата може да избере само една.

Поддршка за занаетчиите
Третата економска мерка се однесува на финансиска поддршка за лицата што вршат самостојна дејност, како што се занаетчиите и други вршители на самостојни дејности и таа предвидува субвенционирање од најмногу 14 500 денари по физичко лице за април и мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This