Спасовски во вojнa co мaнгyпитe нa Тик-Ток: Тоа се клacични 6aндити кoи ништо дpyго нe знaaт дa нaпpaвaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска ги нарече класични бандити следбениците на социјалната мрежа Тик-Ток кои објавуваат видеа како возат и паркираат автомобили на површини кои служат за пешаци и за велосипедисти.

„Сакаат да се покажат мангупи, уствари тоа се класични бандити кои ништо друго не знаат да направат“, искоментира Спасовски давајќи оценка за сообраќајната култура на заедничката прес-конференција со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Министерот потсети дека сега во законот постојат одредби кои на полицијата и овозможуваат одземање на возилата, што дополнително ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи и прекршоци.

Исто така им порача на општините дека на местата каде што има подобро осветлување и зголемена сообраќајна сигнализација има помал број на сообраќајни инциденти.

Во овој период посебно ги истакна моторџиите со кои, како што вели, МВР има сериозни проблеми со безбедноста во сообраќајот која тие ја нарушуваат.

– Најважната работа е превенцијата и да ја зголемиме општествената свест уште од мали нозе, рече Спасовски.

Додаде дека казните ќе бидат намалени, но не и тое како што се за минување на црвено светло и возење под дејство на алкохол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This