СПАСОВСКИ: Во земјава нема ниту еден случај на yбиcтво за вaдeњe на органи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги отфрла шпекулациите за постоење киднапepи и продaжбa на чoвeчки органи, велејќи дека истите се шират од политички побуди. Според него, досега нема киднапиpaње.

Во земјава нема ниту еден случај на yбиcтво за вaдeње на органи. Не се точни наводите дека расте бројот на иcчeзнати лица. Триста и седумдесет лица биле исчезнати во 2018 година. Порано се криеа yбиcтва, ние сме крајно транспарентни – вели Спасовски.

Запрашан кој ги пласира лажните вести, министерот рече дека очиледно е оти зад тоа стои структура на луѓе кои шират лажни информации од политички побуди.

Поранешен вработен во МВР имаше статус на Фејсбук со тотална измислица и лага. Имаме новинари и медиуми на кои сензацијата им е поважна – потенцираше тој.

Спасовски појасни дека во последниве 5 години пронаоѓањето на исчезнати лица се реализира со 94 проценти.

Ние работиме да биде на 100 проценти. Ги уверувам родителите на исчезнатите дека истрагите се третираат со посветеност. Истрагите се темелни затоа некогаш треба повеќе време за резултати. За оние кои шират лажни приказни за продажба на човечки opгани сакам да им порачам – не помагате. Некои од случаите се caмоyбиства. Кога имаме исчезнато лице, важно е полицијата да добие повеќе информации за пократко време – вели министерот за внатрешни работи.

Тој сподели препораки за побрзо пронаоѓање на исчезнати.

Прво пријавете во МВР потоа проверете ги местата каде може тоа лице да отиде, неговото однесување, не кријте информации од полицијата, споделете фотографија со МВР, водете грижа за лицата кои имаат здравсрвени проблеми – посочи министерот.

Кажа дека преземени се сите неопходни мерки и се превземаат дејствија за пронаоѓање на лицата, но одби да каже какви мерки се преземаат.

Семејствата се известуваат за се – вели Спасовски, иако тврдењата на семејствата се дека тие не добиваат информации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This