СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ГРУПЧИН: Со гоpдоcт може да кажеме дека најголем дел од објектите ги саниpавме и реновиравме со средства на МВР и со донации на жителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во работна посета на Полициското одделение во Групчин, каде заврши реновирањето на објектот.

„Кога го преземав министерството во 2017 година еден од приоритетите беше подобрување на условите за работа на полициските службеници затоа што подобрите услови носат и подобри резултати во работата, односно поголема безбедност за граѓаните. Затекнавме објекти во кои не било интревенирано и по четири децении. Сега, во 2019 година можеме со гоpдоcт да кажеме дека најголем дел од објектите ги саниpавме и реновиравме и тоа со средства на МВР, а до крајот на годината очекувам да се завршат и објектите кои се наоѓаат во планот за реновирање“-изјави Спасовски.

„Денеска сме во Групчин, каде е завршено реновирањето на објектот на полициското одделение.
Но, она што ме прави особено горд е фактот дека реновирањето на овој објект го направивме со донации на жителите, кои придонесоа еден објект после четири децениско егзистирање сега да биде комплетно инфраструктурно и градежно саниран истакна министерот Спасовски.

Целосно е обновена надворешноста на објектот со нова фасада. Поставени се нови подови во просториите, нови врати и прозорци, поставено е и надворешно осветлување на објектот, а соодветно решени се и сите надворешни инсталации, уреден е дворот пред објектот, со нови бекатонски патеки и зеленило.

На фотографиите може да видите каков беше објектот до пред извесно време, а каков е денес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This