СПАСОВСКИ: Изборите треба да се одржат 60 дена од распуштање на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори, рече денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Карбинци.

Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите, истакна Спасовски.

Според него, Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе има прогласување нова трета вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сé за спроведување на економските мерки.

Јас очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза, потенцира Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This