Спасовски и Илиевски од Зелен рид и 3 МУБ ветија современа инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Kандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски оствари средби со граѓаните од Зелен рид и 3 МУБ, кадешто зборуваше за современа инфраструктура и идните проекти во соработка со централната власт.
Илиевски и Спасовски пред кумановци ветија дека продолжуваат со инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам.
Илиевски ги потенцираше проектите Мок Еколог, за чист и зелен град, проектот за модерен градски плоштад со шеталиште и подземни сообраќајници, за гасификација, за детски катчиња и спортски игралишта, како и нови паркинг места кои се од исклучителна важност за овие две урбани заедници.
Потпретседателот на СДСМ, Спасовски информираше дека преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра боле наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа.
-Со оваа директна помош од 500 илјади евра до 2 милиона евра по општина, во зависност од проектот со којшто ќе аплицираат, силно инвестираме во локалната инфраструктура во општините, потенцира Спасовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This