СПАСОВСКИ НЕ ГИ СЛУШНАЛ СНИМКИТЕ: Да се испита кој го пуштил разговорот на екс пратеникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер Оливер Спасовски предмалку на прес-конференција во владата истакна дека разговорите што вчера беа објавени меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милишоски, екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и други лице не произлегуваат од СДСМ.

-Се тоа што го имаше СДСМ како материјал го предаде во СЈО и веќе нема ништо од материјалот во седиштето на партијата, ниту има потреба да има. Јас не ги слушнав разговорите, знам само дека се објавени некакви материјали. Институциите да истражат, да работат ефикасно и да ги откријат тие што ова го прават – рече Спасовски.

Притоа, тој не одговори директно на прашањето дали ќе биде носител на пратеничката листа на коалицијата на СДСМ во втората скопско-кумановска изборна единица, туку само истакна дека тоа ќе се знае во понеделник.

Според Милошоски, разговорите ги поседувало, како што вели, лицето З.З уште од 2011 година.

„Или можеби во посед ги добило во 2015 година, а не ги објавило досега јавно сметајќи дека има јавен интерес, тоа е кривично дело бидејќи не објавил навремено нешто што сметал дека е од повисок јавен интерес. Самото криење на тие материјали е кривично дело. Второ, на прашање лицето З.З. тврдеше дека сите материјали снимки ги предал во СЈО и дека не поседува никакви копии од тие снимки од УБК во период од 2008 до 2015 година што со овие објавени снимки се покажува дека не е точно. Тоа значи дека или господинот Јовевски лиферува дел од тие материјали кои што ги поседува или некој друг има дополнителни копии од овие материјали и ги лиферува според политичките нарачки. Моето мислење е дека лицето З.З се најде прилично погодено и засегнато од материјалите кои што јас ги објавив кои ми беа доставени од укажувач, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This