СПАСОВСКИ: Секојдневно се следи што се случува со кopoнавирусот, ако треба ќе ги зголемиме мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На дневна основа се следат сите аспекти во однос на корона вирусот и доколку има било каква потреба за зголемување на мерките со цел заштита на здравјето на граѓаните тоа ќе биде направено, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско шрашање дали е можно одложување на партиските конвенции поради корона вирусот.

Знаете дека максимално посветено се работи и од Министерството за здравство и од Кризниот штаб. Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика, истакна Спасовски.

Прашан дали ќе биде носител на листа во втората изборна единица Спасовски, рече дека за тоа ќе треба да се почека одлуката во партијата и оти се ќе биде познато во понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This