Спасовски: Ceкojднeвнo pacтypaмe ceмejни вeceлби и пoднecyвaмe kpивични

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневно, не само што растураме семејни веселби туку поднесуваме кривични пријави, вели првиот човек на полицијата Оливер Спасовски на новинарско прашање колку интервенции имало Министерството за внатрешни работи кога станува збор за кршење на мерките за заштита од ковид-19 во угостителски објекти.

– Јас истакнав благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките, тоа се околу 90 отсто од граѓаните. Секогаш има десет проценти што мислат дека најмногу тие знаат и само тие го прават тоа што треба да се прави. За тие има санкции. Секојдневно, не само што затвораме и растураме семејни веселби туку поднесуваме кривични пријави и за тие ќе има одговорност, нема да има толеранција. Секаде, дали во Тетово, Куманово, Скопје, Источна Македонија, секаде каде што има такви состојби, изјави Спасовски.

Според него секаде каде што се утврдило дека мерките се кршат ќе има санкции и апелираше сопствениците на угостителски објект да не го гледаат профитот пред здравјето.

– Има состојба каде што граѓаните не можат да разберат, тие сопственици на ресторани не можат да разберат дека здравјето и животот се поважни отколку да земете профит од таа веселба, и за тоа ќе има сериозни санкции. И кога бев претседател на Владата истаканав дека времето на вакви здравствени кризи не е време кога треба да се остварува профит од кого било. Сега е моментот кога сите заедно треба да го сочуваме здравјето и да преживееме и понатаму да создадеме можности економијата да се врати во полн план, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This