Спасовски: Heма ceлективно пocтапување, кој сака нека е, ако гpeшел тој ќе одговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето гостување во „Утрински брифинг“ на Слободен Печат истакна дека тој што се огрешил пред законот ќе одговара, без разлика на неговата сегашна или некогашна позиција.

Направивме оперативен план уште во септември 2020, се со цел да имаме стратешки пристап за апсење на лица кои се бараат по потерници и можам да кажам дека овој тим кој што е оформен при оперативните акции се луѓе кои се исклучителни професионалци и дадоа сериозни резултати.

Огромна е бројката – околу 200 (од септември до денес) луѓе кои што се приведени, а се барани по потерници. Имаме и топ приоритети во таа листа, односно лица кои што биле осудени на подолги казни и лица кои долго време се барани по потерница, а не биле приведени кон правдата. Вчера беше едно од тие приведувања. Лице кое беше осудено на 20 години затворска казна. Минатата недела имавме приведување на лице кое 17 години се крие од лицето на правдата, изјави во Утрински брифинг министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Лицата кои што се наоѓаат на домашни или меѓународни потерници се стратешки приоритет на државата. Ако сакаме да водиме кривични постапки, ако сакаме да имаме борба против тој криминал, секако дека ефикасност во таа битка ќе биде ако крајниот епилог е лицето да оди да ја одлежи казната и да се одземе нелегално стекнатиот имот. Тоа се двете цели кои допринесуваат кон успешна борба против криминалот, вели Спасовски.

-Имавме околу 20 лица кои беа топ приоритет во оваа листа. Од септември до денеска да листа е преполовена. Тоа се извонредни резултати и значи дека целите и приоритетите се остваруваат со одделот за меѓународна полициска соработка и тимот кој што работи на оваа област, изјави министерот Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This