Спасовски:Cоздаваме подобри услови за вработените за подобра полиција за граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, извршив увид на реконструираниот објект и на Полициската канцеларија Старо Нагоричане, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како за ПО Ранковце, така и за ПК Старо Нагоричане, ги следиме стандардите на енергетска ефикасност на објектите, а истовремено е запазена и потребата од заштита на животната средина, преку замена на досегашните начини на загревање и во двата објекта со поставување на парно греење со електричен котел, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Во оваа насока старите прозорци се заменети со нови ПВЦ прозорци, извршена е замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада.
Од 2017 до денес целосно реконструиравме 58 објекти, а во тек е реконструкцијата на СВР Куманово, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, Полициско одделение Чашка, истакна Спасовски

Актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република С. Македонија.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This