СПАСОВ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА Е НА СЛОБОДА: Убиeцoт на Мартин Нешковски не се вратил во затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, во петокот, кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појавил во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство, дознава МКД.мк

Директорот на затворот Идризово, Боби Мојсовски за МКД.мк вели дека уште во понеделникот се обратиле до судот во Штип и до Управата за извршување на сакнции и ги известиле дека осудениот Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври кога му завршувал рокот за оправданиот прекин.

„Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот“, изјави директорот Мојсовски.

На 18 август годинава Спасов направи една на слобода, наместо во затворот во Идризово.

Со медицинската документација која ја поднесува до судот од август, 2018 година, а оттаму ја прифаќаат, веќе втора година со здравствените причини го оправдува своето отсуство и не се враќа во затворската ќелија во најголемиот затвор во државава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This