СПОРЕД ИМОТНИОТ НА ЗАЕВ, ТОЈ „НЕМА CKPШЕН ДЕНАР“: Бара потекло на имот за cyдии и oбвинитeли, а самиот приjaвил личен имот само за даден заем од 70.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режисерот Владимир Милчин го повика премиерот во заминување Зоран Заев да почне од себе со проверката на потеклото на имотот, која тој ја побара од Антикорупциска комисија за судиите, и тоа веднаш.

-А да ги повика своите министри, заменици, државни секретари и слично, па своите пратеници? Да почне од себе, на пример?“, порача поранешниот член на Претседателството на СДСМ на Заев и бивш извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“.
Тргнувајќи од пораката на режисерот Милчин, Лидер.мк го отвори анкетниот лист на премиерот во заминување Зоран Заев, што го пријавил во Државната комисија за спречување корупција. Увидот во него покажува дека тој како личен имот има пријавено само едно побарување по основ на даден заем во висина од 4.300.000 денари или околу 7о.000 евра. Притоа, не е наведено како се стекнати тие пари, што се дадени на заем.

Сиот останат пријавен имот се води како имот на брачен другар, имот на деца или имот на родители.

Воочливо е, на пример, дека нема наведено уметнички предмети, накит, хартии од вредност, акции, удели, обврзници… што остава простор како за сомнеж во точно пријавениот имот, така и во етичката и морална основа да се бара потекло на имотот на судиите и обвинителите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This