СРАМНО И ЛИЦЕМЕРНО: Пратениците кандидати за градоначалници од СДСМ гласаа против Законот за повисоки пензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието на Република Македонија поднесе закон за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата.

Со законот за зголемување на пензиите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија зголемување на пензиите за 5%, односно побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои што пензионерите го добиваа секоја година предходно.

Сепак, пратениците од СДСМ не го поддржаа предлогот и истиот не се најде на дневен ред на собраниската седница.

Срамно и жално е што дури и пратениците Петре Шилегов, Бетиан Китев, Максим Димитриевски, Стефан Богоев и Благој Бочварски, кои се кандидати за градоначалници од СДСМ, гласаа исто така против ова законско решение.

За иронијата да биде уште поголема истите овие пратеници во наредниот период ќе ги убедуваат пензионерите и граѓаните на град Скопје и општините Кавадарци, Куманово, Карпош и Штип, дека тие се вистинските луѓе за градоначалници и ќе ја бараат нивната доверба.

Нивното чукање во гради и ветувањата за подобар живот на граѓаните во Република Македонија преку секојдневни прес-конференции, со оваа нивна одлука да се раководат од партискиот интерес, а не од интересот на граѓаните, паѓаат во вода.

Предлог Законот на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа ниту пратеникот Илија Јованоски, претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This