СРБИТЕ ГО ПРАШУВААТ СОБРАНИЕТО: Зошто Србија ја испразни амбасадата, кој прислушкувал и како ќе гласа Македонија во Интерпол за влезот на Косово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската партија на Србите во Македонија го запраша Собранието што се случило да доведе до тоа Србија да одлучи да го повлече персоналот од амбасадата во Скопје. Тоа за Танјуг го потврдил претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ

Како што рекол, одговорите ги очекува на првата седница на парламентот на средина на септември.

Стоилковиќ и партијата која ја води прашуваат што точно Македонија направија, односно безбедносните служби, односно дипломатските претставници акредитирани во Македонија, па се случил дипломатскиот преседан и Србија одлучи да го повлече целокупниот дипломатски персонал од својата амбасада во Скопје.

Ако позади такви активности стојат претставници на странскиот фактор во Македонија, што тоа значи за националните и државните интереси на Македонија, во врска со развојот на добрососедските односи и регионалната соработка и стабилност, е следно прашање.

Претставниците на ДПС прашуваат и како Република Македонија ќе се изјасни на седницата на Генералното собрание на Интерпол на 29 септември во Кина по прашањето на приемот на Косово во таа меѓународна организација.

Прашањата следат по неодамнешното „заладување на односите“ помеѓу двете земји и одлуката Србија да го повлече персоналот од Амбасадата во Скопје, бидејќи како што беше тогаш кажано, српските надлежни органи воочиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко делување.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This