Србија и Црна Гора ги отворија границите: Многу автобуси кон граничниот премин Табановце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу автобуси со патници денеска тргнаа кон граничниот премин Табановце, по одлуката на српските и црногорските власти за отворање на границите со Северна Македонија. Граѓаните можат да ги посетат овие земји само со негативен ПЦР тест, а овој тест не е задолжителен за лицата кои транзитираат.

„Од денеска сите граѓани од Северна Македонија можат да патуваат во Србија и Црна Гора со негативен ПЦР тест кој не треба да биде постар од 48 часа. За децата под 12 годишна возраст не треба да имаат ПЦР тест. Негативен ПЦР тест стана услов за патување во земјите низ регионот, со исклучок на Албанија и на Турција“.

Од ноќеска на полноќ отворени се граничните премини Јажинце – Глобочица и Белановце – Станчич на македонско косовската граница. И на овие премини е задолжително прикажување на ПЦР тест.

Од друга страна, бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Македонија, при што од 28 јули македонските државјани можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. А Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 август, поради коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This