April 30, 2024, 11:13 pm

Србија ќе произведува и кинески вакцини, се очекува производството на „Синофарм“ вакцини да започне за неколку месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва посочи дека во Абу Даби се договорил заедно со Обединетите Арапски Емирати и Кина, во Србија да се произведува вакцина против вирусот корона, кинеската компанија „Синофарм“.

По средбата со престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховниот командант на вооружените сили на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, Вучиќ за РТС посочи дека вечерва е направен голем договор.

„Во наредните денови, во рок од две недели, ќе го сториме тоа и јавно и за потпишување. Ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за вакцини „Синофарм“, кои ќе ги градиме заедно со ОАЕ и Кинезите во Србија “, рече претседателот.

Вучиќ посочи дека, покрај договорот склучен со надлежниот руски министер за производство на руска вакцина во рамките на Торлак, било договорено фабриката за вакцината „Синофарм“ да биде завршена и да започне со производство на 15 октомври.

„Оттогаш ќе имаме големи количини на вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи она што го научив вечерва е дека ќе мора да му ја даваме вакцината на регионот, барем по набавна цена, бидејќи и да биде вакцинирано целото анселение, не вреди ако има проблем во регионот“, објасни тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This