Србија oбвинyва: Македонците прeдизвикаа жaриште на ковид-19 во Врање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Врање вчера се регистрирани 127 нови случаи на коронавирус, што е значително повеќе отколку претходниот ден, кога имаше помалку од сто нови случаи.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ за РТС вели дека причината за скокот на бројот на заболени е што луѓето малку се опуштиле, но и дека граѓаните на Македонија масовно доаѓаат во продавниците во тој град.

Има објаснување, а тоа е дека сепак се опуштивме малку со спроведувањето на мерките, особено поради убавото време, па дури и оние кои беа најдисциплинирани малку се опуштија, рече Тиодоровиќ.

Инаку, неколку туристички агенции од Македонија, веднаш по укинувањето на епидемиолошката контрола и задолжителните ПЦР тестови, веднаш започнаа да организираат еднодневни патувања во најблиската соседна општина во Србија, пишува дневниот лист Данас.

Врање, кој е оддалечен шеесетина километри од Куманово, а помалку од стотина километри од Скопје, беше под вистинска опсада на соседите од соседната земја во текот на денот до затворање на кафулиња и ресторани во 20 часот, пишува весникот.

Според пишувањето на Данас, туристичките агенции нудеа автобуски превоз од Куманово до Врање и назад по цена од 350 денари, што е близу седум евра или нешто повеќе од осумстотини динари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This