СРЕДБА ГРУЕВСКИ-БЈОНСТАД:Политичкиот прогон мора да престане и да се стави крај на гушењето на демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад. На средбата се разговараше за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија, информираат од партијата.

Груевски посочил дека власта спроведува политички прогон и реваншизам врз сите оние кои различно мислат.

-Доказ за тоа се и приведените за настаните од 27 април кои се предмет на хајка и монструозно обвинение. Во притвор се наоѓаат невини луѓе, a во исто време кога се носи амнестија за над 1000 затвореници и се ослободуваат убиците на децата на Смилковско езеро. Меѓу другото се апсат пратеници и се определува притвор со цел да се оневможи нивно физичко присуство во парламентот. Република Македонија е држава каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав, истакнал Груевски.

Истовремено, се додава во партиското соопштение, политичкиот прогон се случува и во поширока смисла, a СДС преку СЈО креира непостоечки обвиненија. Се кршат закони и измислуваат случаи, а во предизборието и по него посебна мета беа и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои во екот на кампањата се соочуваа со фабрикувани кривични пријави, како форма на притисок. Над 150 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се предмет на судска, полициска и политичка хајка зад која се кријат политички мотиви.

-Политичкиот прогон мора да престане, исто како што мора да се стави крај на гушењето на демократијата. Додека систематски се задушува слободата, економијата тоне, а стандардот на граѓаните слабее. Во ваква една атмосфера на страв, закани и уцени невозможно е земјата да се посвети на вистинсите стратешки интереси како што е членството во НАТО, посочил Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека за Република Македонија мора и треба да останат приоритет членството во ЕУ и НАТО и враќање на реформскиот процес што ќе значи унапредување на стандардите во многу сфери од општествениот и политички живот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This