April 27, 2024, 11:32 pm

Средно уметничко на пpoтест пред МОН: Директорот го прогласи Задушница за работен ден

Поврзано

- Advertisement -
Професорскиот президиум на средно уметничко училиште во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“- Скопје соопшти дека утре во 12 часот ќе излезе на протест пред Министерство за образование со барање за разрешување на в.д. директорот Филип Фидановски бидејќи е поставен на функција незаконски, но и поради незаконско работење. В.д. директорот Филип Фидановски, петок, 18.06 (Задушница) го прогласи за работен ден, на кој ќе биде спроведен приемниот испит за упис во училиштето.
Тој исто така, на позицијата вршител на должност директор е поставен незеаконски, и тоа два пати, првиот пат спротивно на член 91 став 2 и 3 од законот за средно, а вториот пат спротивно на чл. 93-в став 2, кадешто многу јасно се вели дека „ВД директор може да се биде само еднаш во времетраење од 6 месеци“.
В.Д. директорот сам противзаконски си ја зголемил платата од 33.000 ден на 42.000 ден, преку зголемување на коефициентот за плата т.е користење на коефициент за школо со над 50 паралелки, а имаме само 8., посочуваат од президиумот.
Државниот просветен инспекторат молчи. Президиумот исто така обвини дека ВД директорот самиот ги промени нормативите за наставниот кадар во нови, како што велат од президиумот, тотално нелогични нормативи за да неколку професори од септември бидат прогласени за технолошки вишок и на нивно место вработени нови професори по вкусот на Филип Фидановски. (прилог4 и 4а)
Од таму обвинуваат и за оцрнување на колегите наставници и ставање во улога на суд и судија кон членови на Училишен одбор со издавање на документ во кој стои формулацијата „незаконско” и ускратување на нивното право да бидат повторно избрани за членови на Училишен одбор. (согласно решение на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021)
Филиповски го обвинуваат и за незаконско издавање на официјален училишен документ со кој се забранува изборот на дел од претседателите на советот на паралелки за членови на УО (противправно толкување на решението на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021)
Донесување на одлука за работа на училиштето со физичка настава и тоа во време на најголемите бројки (како во државата, така и во училиштето) на пандемија во состојба со 50 починати дневно и со голем број на позитивни наставници и ученици. Донесување на одлука за 8 часовно работно време, повторно во време на екстремните услови на пандемијата, без разлика што во време на пандемија училиштето работи во посебни услови, со посебен распоред на часови за хибридна настава при што некои професори воопшто немаат часови во определени денови. Со тоа директно беше срушен протоколот за работа во услови на пандемија на училиштето. Президиумот го товари Филиповски и за неносење на одлука за јавна набавка (за превоз на ученици) и користење на услуги со анекс на изминат договор во вредност од значитечно поголем од 20% од договорот, спротивно на член 108 од законот за јавни набавки. Дополнително, тој комплетно го опструирал на формирањето на Училишен одбор во период подолг од 100 дена, со што училиштето се држи во правен мрак, без управно тело и во комплетно незаштитена положба од постапките од ВД директорот. Филиповски, според президиумот, го прескокнувал Училишниот одбор (кој регуларно ги извршуваше своите обврски до крајот на февруари) со неприложување на Завршна сметка на училиштето за 2020 година како и годишната програмата за работа, со тоа директно кршејќи го членот 89 од законот за средно образование. Вработените обвинуваат и за вршење на мобинг и притисок на работното место на вработените, за непочитување на колегите и крајно деградирачки однос кон нив во секојдневната комуникација. Секретарот на училиштето, како што се вели во нивното сооптение, бил принуден предвремено да замине во пензија поради поради притисок е неподнослива тортура од страна на ВД Директорот. Го товарат и за непочитување на волјата на наставниците и неставање на важни точки на состаноците на наставнички совет, како и предвремено напуштање на истите во моменти кога од него се бара да даде одредено објаснување. Обвинуваат и за непоседување на раководни, менаџерски способности. Пред да биде избран за ВД на 11.11.2020, Филип Фидановски испратил допис до  премиерот Зоран Заев и до министерката Мила Царовска претставувајќи се себеси за член на СДСМ, а за претходниот директор Димитар Филиповски упатува серија на лажни обвинувања дека е од ВМРО, откриваат од президиумот. Тој во дописот обвинува дека повторен избор на неговиот претходник би предизвикал револт во партијата (СДСМ) и да го наруши рејтингот на партијата, но и дека тој (неговиот претходник) не е работи во согласност со целите кон кои се стремат политиките за реформи на СДСМ. Поради наведените причини, кои подолго време предизвикуваат силен револт кај вработените во средно уметничко училиште во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“- Скопје професорскиот президиум одлучи да излезе на протест пред Министерството за образование и наука. Протестот ќе се одржии утре во 12 часот.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This