СРЕЌЕН СУМ ШТО ВО ОВИЕ TEШКИ ДЕНОВИ МУ ДОНЕСОВ СРЕЌА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Интервју на Стоилов за “EХФ”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на неговото искуство и физичка подготвеност, Стојанче Стоилов е еден од клучните играчи на Вардар во изминатите 8 години. Низ годините, Стоилов се eтаблираше како најголема ракометна икона во Македонија, кој како капитен на Вардар го предводеше својот тим до двете историски достигнувања во Келн.

Вардар одново ја започнува сезоната како бранител на титулата, а стартот на сезоната поради повреда ќе го пропушти Стоилов – се вели во воведот на интервјуто кое Стоилов го даде за веб страната на “ЕХФ”.

Во драматичната мината сезона, Вардар стигна до шампионската титула. Која беше пресвртна точка во сезоната 2018/19?

Стоилов: “Да, имавме турбулентна сезона минатата година со многу проблеми, но на крајот, некако успеавме да го надминеме сето тоа и да го освоиме трофејот во Лигата на шампиони. Не мислам дека направивме пресврт, одевме меч по меч, чекор по чекор и стигнавме до највисокото место на подиумот”.

Уште еднаш, ја стартувате сезоната како шампиони. Дали тоа носи дополнителен притисок споредбено со минатата сезона?

Стоилов: “Бевме во иста позиција пред две години и од нашето искуство, знаеме дека оваа година ќе биде многу потешка за нас. Притисокот е нешто што нашиот тим го очекува и некако успеваме да прикажеме подобри резултати кога сме под притисок. Како и да е, кога си шампион, мораш да се однесуваш како шампион во секој натпревар, а тоа не е лесно”.

Го носиш црвено-црниот дрес 8 години. Што го прави Вардар толку посебен за тебе?

Стоилов: “Вардар е посебен клуб, не само во Скопје, туку во целата држава. Овој тим има голема база на фанови, што ја вклучува и најдобрата навивачка група “Комити”, a jaс сум еден од нив. Мојот татко е исто така вљубен во клубот и ја пренесе таа љубов на мене пред многу години. Се сеќаваме кога ме носеше на фудбалски натпревари кога јас бев многу мал. Денеска ја носам капитенската лента со гордост и чест, и сум среќен што во овие тешки времиња за нашата земја донесовме среќа и гордост за нашите граѓани”.

Вардар загуби неколку клучни играчи од минатата сезона, а нови имиња ви се приклучија. Што мислиш за играчкиот ростер сега?

Стоилов: “Toa e приказна за минатата година исто така, но тоа не не’ спречи да постигнеме голем успех. Секогаш е тешко кога ќе загубите клучни играчи, но тоа не е нешто поради кое нема да спиеш. Имавме многу добра атмосфера во нашата соблекувална, а тоа секогаш е од помош за играчите”.

Кое е твоето мислење за новиот тренер Давид Писонеро?

Стоилов: “Немам поминато многу време со Писо и со тимот, поради повредата, но според она што го видов тој е комуникативен и добар тренер. Ова се многу важни знаци за здрава врска помеѓу тренерот и играчите. Му посакувам многу среќа оваа сезона и топло добредојде во фамилијата на Вардар”.

Какви се резултатите за твојата повреда? Кога ќе можеш да се вратиш на теренот?

Стоилов: “Рехабилитацијата оди бавно и ќе ги пропуштам почетните натпревари во Лигата на шампиони, но со нетрпение чекам да се вратам на теренот што е можно побрзо”.

Враќањето на теренот ќе значи соочување со тројца играчи на твојата позиција. Што значи тоа за тебе?

Стоилов: “Секогаш е добро да се има конкуренција во тимот, затоа што секогаш морате да докажете нешто за време на тренинзите и да се трудите да бидете подобри. Пивотите се млади и амбициозни и се надевам дека ќе им помогнам да станат подобри”.

Вардар заврши на третото место на ИХФ Супер Глоуб. Како го оценуваш она што го прикажа тимот на ова натпреварување?

Стоилов: “Тоа не беше вистинската слика за Вардар, затоа што мислам дека имаме многу нешта за промениме или да додадеме во играта. Тимот демонстрираше некои силни и слаби страни, но со текот на времето можеме да бидеме само подобри”.

Жребот во Лигата на шампиони ве стави во група со некои познати и силни противници. Како гледаш на групата?

Стоилов: “Да, ние сме во многу тешка група, која мислам дека е многу потешка од онаа минатата сезона. Секој сака дел од шампионот, но ние сме Вардар и како што кажав мора да се однесуваме како шампиони, без никакви изговори”.

Kaко го оценуваш Вардар оваа сезона и кои се вашите цели?

Стоилов: “Низ годините ја имаме истата цел, а тоа е да стигнеме до фајнл фор турнирот во Келн. Кога веќе сме таму, се’ може да се случи”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This