„Среќно Миа“: Богоев ѝ посака успех на пливачката Миа Блажевска која заминува на ЛОИ во Токио

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред заминувањето на Летните олимписки игри во Токио, младата пливачка Миа Блажевска – Еминова, заедно со својот личен тренер Илија Стојановски и својот татко, Мирсад Еминов, беа на прием кај градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Миа Блажевска – Еминова има 15 години и е жителка на Карпош, која врз основа на своите резултати стекна право да ја претставува државата на ЛОИ во Токио.
Миа Блажевска
Фото: Општина Карпош

Градоначалникот Стефан Богоев, како што соопшти општина Карпош, на денешната средба на Миа, но и на целиот нејзин тим им посака добро здравје, среќа и успех на овој глобален спортски настан.

– Основната цел, како локална самоуправа е да вложуваме повеќе во младите спортски таленти. Тоа е вистинска и трајна поддршка за македонскиот спорт. Секаде низ Европа, градовите и општините се оние кои даваат најголема поддршка за младите таленти од својата средина и гледаме и Карпош, колку што е можно да го следи тој пример, рече Богоев.
Стефан Богоев
Фото: Општина Карпош

Локалната самоуправа, во пресрет на олимпискиот настап ѝ додели на Блажевска – Еминова и еднократна финансиска поддршка.

На денешната средба, присутните разговарале и за пливањето како спорт и за големиот број придобивки кои ги носи истиот.

– Општина Карпош е во постапка и за изградба на затворен пливачки базен, до салата „Партизан”, кој пред сè ќе биде наменет за децата од основните училишта. Станува збор за инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, која ова лето ќе почне да се реализира, наведуваат од Општината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This