3aeв за резолуцијата на BMPO: Heкој сака да го избeгнe уставното име да го направи тоа сам, ние нема да партиципираме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес конференција на која истакна дека доколку некој сака да го избегне уставното име да го направи тоа сам, тие нема да партиципираат.

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање околу тоа дали се точни написите дека СДСМ нема да ја поддржи резолуцијата доколку не биде усогласена со уставот во однос на уставното име, изјави дека тие ќе го почитуваат уставот.

-Во резолуцијата на неколку места се спомнува Република Македонија, а уставот е Република Северна Македонија и ако ја читате во преамбулата на самата резолуција и слично стои името Република Северна Македонија и тоа е устав, не е дали ние сакаме, некој не сака или ние не сакаме, па друг сака да биде тоа вградено, изјави Заев

Тој додаде дека СДСМ нема да партиципира во резолуција, за која ВМРО-ДПМНЕ го избегнува терминот „Северна“

-Секоја резолуција има преамбула која што се повикува зошто некоја институција во конкретниот случај парламентот тоа го прави така, да вие може да изберете и дел од текстот ако сакате резолуцијата е комплетна заедно со преамбулата, ако видите било која резолуција донесена во македонскиот парламент секој пат има прамбула која што е влезен дел на резолуцијата заради тоа што е неопходен во донесувањето на вакви документи на парламентот, а ако некој сака да го избегне уставното име на Репбулика Северна Македонија нека го прави тоа сам, ние овде нема да партиципираме, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This