СРПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ГО ИЗДАДОА ЗАЕВ: Димитров и Заев ѕвезди во ОН бидејќи ги прифатиле условите на Грција за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција, како и за перспективите на таа земја и регионот, изјави Јеремиќ.

 

Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција, како и за перспективите на таа земја и регионот, изјави поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ за телевизијата N1, кој во Њујорк ја следеше седницата на тоа тело.

Според него, „косовската делегација била поактивна од српската, бидејќи остварила најмалку 25 средби и се претпоставува дека лобирала за независност и членство во УНЕСКО“.

– Се плашам дека приштинската страна била многу поактивна. Имав состаноци со триесетина министри за надворешни работи, шефови на држави и влади, а само еден или двајца од нив не се сретнале со косовската делегација. Доколку Србија немала средби на некое друго место, надвор од зградата на ОН, тогаш сметам дека овој пат тие вложиле многу повеќе енергија од нас- истакна Јеремиќ во интервју за N1.

Коментирајќи го повикот кој српскиот претседател Александар Вучиќ му го упатил на американскиот колега Доналд Трамп за да ја посети Србија, Јеремиќ нагласи дека е подготвен за голем облог дека тоа нема да се случи.

– Би сакал да не сум во право, бидејќи добро е претседателот на САД да ја посети Србија, но сум многу резервиран, -мета поранешниот шеф на српската дипломатија.

Вчера исто така грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, вчера оствари средба со медијаторот Метју Нимиц, во Њујорк.

Според грчката новинска агенција АПЕ, состанокот со македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров, Коѕиас го карактеризирал како особено пријателски, а разговарале за начините за пристап за решение на проблемот со името, преземање на одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни со организирање на средби на експерти за правни теми, историја и школски учебници.

Според Коѕиас, името и употребата, јазикот, државјанството и кратенките се деловите на спорот за името.

Во Атина опозициската Нова демократија продолжува со обвинувањата до грчката Влада, меѓу другото и за прашањето за името.

Јоргос Кумуцакос го искористи спорот со Македонија како пример дека во Владата постојат две парламентарни мнозинства и дека за одредени прашања нема единствена и заедничка позиција.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This