Српски лекар кој работи на откривање вакцина во САД: Пандемијата би завршила кога 70% од луѓето ќе бидат имуни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

андемијата со коронавирусот веројатно ќе трае додека не се постигне колективен имунитет. Епидемиолозите проценуваат дека би било потребно 60-70% од популацијата да биде имуна за да заврши пандемијата.

Ваква процена во интервју за српската телевизија „Нова“ изнесува српскиот доктор Дејан Глишовиќ. Тој е директор за интерна медицина во компанијата „Pharmaceutical Research Associates“ и неговиот тим во Чикаго, САД, е вклучен во откривањето на вакцина против ковид-19.

„Тешко е да се даде прогноза кога ќе помине пандемијата. Тоа зависи од многу фактори. Видовме дека SARS-CoV-2 се однесува различно од другите вируси. За разлика од грипот кој има претежно сезонски карактер, актуелниот коронавирус опстојува меѓу популацијата во текот на целата година. Со оглед на тоа, пандемијата со коронавирусот веројатно ќе трае додека не се постигне колективен имунитет, дали пасивен (по прележана болест) или активен (како резултат на вакцина). Епидемиолозите проценуваат дека би било потребно 60-70% од популацијата да биде имуна за да заврши пандемијата. Под претпоставка дека вакцината ќе биде доволно ефикасна и дека повеќе луѓе ќе сакаат да се вакцинираат, веројатно ситуацијата со пандемијата ќе почне да се нормализира негде кон летото 2021, иако сметам дека и ова е многу оптимистичка и неверодостојна процена“,вели српскиот доктор.

Тој нагласува дека пандемијата прво ќе биде сузбиена во најразвиените земји со ефикасни здравствени системи каде вакцината ќе биде достапна пред да стигне во сиромашните делови од светот, каде епидемијата би можела да трае и со години.

Во интервјуто тој открива дека неговиот тим за неколку недели треба да почне да работи и на третата развојна фаза од една од вакцините против коронавирусот. Улогата не неговиот тим не е да ја произведува вакцината ниту лековите, туку работи како независна експертска група која пружа услуги за изведување и контролирање на клиничките испитувања.

„Мојата улога исклучиво ќе биде надзорна и насочена кон контрола на безбедноста на пациентите и евиденција на евентуалните несакани ефекти“,вели Глишовиќ.

Тој во интервјуто зборува и за лекот ремдесивир, како и за претстојниот грип кога се очекува да има и бран на сезонски грип, кој според него, ќе се минимизира благодарение на мерките (маски, растојание и миење раце) што се спроведуваат за заштита од ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This