Српски сеизмолог пpeдупредува: Можен е силeн зeмјотрес во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот сеизмологот Славица Радовановиќ за „Блиц“ објаснува дека по оној во Петриња не е можно да се предвиди каде ќе биде следниот земјотрес, што секако нема да отстапи од трендот на опаѓање на силата во таа област, но, како што предвидува, претстои тренд на будење , затоа треба да се очекува земјотрес со многу голема јачина на друг дел од Балканот.

Како што посочува Радовановиќ за „Блиц, на подрачјето на Балканскиот полуостров, а тука мисли на целата област до Истанбул, каде што подолго време немало силни земјотреси.

Низ историјата имало ситуации кога се случиле неколку силни земјотреси за неколку години. Се сеќаваме на земјотресот во Македонија во 1963 година, а потоа и на оној во Бања Лука во 1969 година. Потребни беа неколку години за да се случи силен земјотрес, условно кажано, во истата област. Затоа велам дека сега можеме да очекуваме во следните 10 до 15 години дека земјотрес со многу големи размери ќе се случи повторно во некоја друга област на Балканот, при што земјотресите во Србија за среќа немаат толку големи маггнитуди како оној во Петриња. Нашите максимални земјотреси имаа јачина до шест степени според Рихтеровата скала“, вели таа.

Таа исто така вели дека е многу тешко да се предвиди каде ќе биде новото жариште, но забележува дека има области и во Македонија, и во Бугарија, и во Романија, па дури и во источна Србија, каде што може да се случат силни земјотреси, а тоа го немале многу години.

Треба да се следи сеизмичката активност, бидејќи секоја ситуација во која се јавува силен земјотрес, кој не е проследен со ништо, само сведочи за фактот дека се акумулира сеизмичка енергија, вели таа.

Таа вели дека сеизмичката активност е постојана. Што се однесува до зоните што генерирале посилни земјотреси низ историјата, тоа се Копаоник, Рудник и зоната Гњилане во правец кон Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This