СТАВОВИТЕ НА ЕДИ РАМА СЕ ДИРЕКТНО МЕШАЊЕ: Гледаме и слични тенденции од Косово, тоа е доста опасно за унитарниот карактер на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме народ кој има чувство за онеправденост, потребата секое малцинство да ужива права согласно меѓународните конвенции. За жал држави што немаат почит кон малцинските права и делат совети на Македонија како треба да се конституира и каква Влада да избере, изјави Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ НОВА , говорејќи за албанската платформа, протестите и реакциите од меѓународната заедница.

minoskiii-640x353

 

-Ставовите на Еди Рама ги толкувам како директно мешање, гледаме слиична тенденција и од Косово. Национал-романтизмот кај соседите преовладува и е доста опасен за унитарниот карактер на Македонија Сведоци сме на граѓански протести чија што цел е да се повика на заедништво на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа гледаме дека кај нас имаме политичари што ги обвинуваат сите оние кои ќе застанат на линијата за одбрана на Македонските национални интереси и ги прогласуваат за фашисти, од друга страна, имаме платформа што многу наликува на она што се случуваше во Втората светска војна, во која познато е движењето Бали Комбетар кое беше на страната на фашистичка Италија, потоа на фашистичка Германија, тука имаме една сличност на оние тези кои преовладуваат во соседството, а гледаме обвинување дека некој кој проповеда заедништво е фашиста“, смета Миноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This