СТАЛИНИТСТИЧКИ МЕДОТИ НА ЗAПЛAШУBAЊЕ: Полициjaта влезе во фирмите на сведokoт во „Peкет“, Орце Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што пред малку објавивме, полицијата заедно со инспекција влезе во поголем број фирми во сопственост на клучниот сведок во случајот „Рекет“, Орце Камчев.

Од она што го преноса медиумите од утринава во тек е полициска акција во три фирми, од кои две неодамна СДСМ ги споменуваше за наводен долг од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за последните претседателските избори.

Инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две. Од обвинителството велат дека најверојатно станува збор за акција организарана од МВР, и во моментов немаат повеќе информации, но доколку има елемнти на кривично дело, ЈО ќе постапува.

Она што е најсимптоматично во целата ситуација е тоа што пред само два дена започна судењето за случајот „Рекет“, а се очекува утре во 12 да започне второто рочиште на кое треба да сведочи брачниот пар Камчеви. Од што ли се плаши власта? Што би можело утре да каже Камчев па поради мораат да го заплашат во очи на неговото сведоштво?

Но сепак Инфомакс можеби веќе и ја објави клучната информација кога станува збор за случајот „Рекет“, а тоа е исказот на Орце Камчев пред Вилма Русковска. Во него се споменуваат голем број на политичари, но клучно е што се споменува името на премиерот Зоран Заев кај кого Камчев прв се обратил дека го рекетираат.

Вмешаноста на Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This