СТАМЕНКОВСКА ДО МАНЧЕВСКИ: Дали Манчевски знае дека во институцијата во која тој е министер веќе има позитивен случај на Ковид-19?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозна и политичка е објавата на Дамјан Манчевски, чиј приоритет е партијата и тесно партиски цели на СДСМ а не вработените во јавниот сектор!, реагира дополнителната заменик-министерка за информатичко општество и администрација по изјавите на министерот дека таа шири лажни вести и дека „Вработените во јавната администрација работат под јасно предвидени протоколи, обезбедена е заштита опрема, маски и средства за хигиена, се запазува максималниот број на вработени во една канцеларија, а ранливите категории се уште се ослободени од работа“., напиша на Фејсбук Стаменковска Стојковски.

И после оваа реакција можам само да заклучам дека заслепениот Дамјан Манчевски единствено се грижи за партиската агенда зошто било каде да се сврти ќе ги види институциите кои секој ден се вбројуваат во нови кластери а подрачните центри на ПИОМ и ФЗО веќе ставија клуч на врата!, коментира Стаменковска Стојковски.

Таа прашува дали Манчевски знае дека во институцијата во која тој е министер за жал веќе имаме позитивен случај на Ковид-19?

Додека со лажни вести се обидува да ја сокрие мрачна реалност со која се соочени граѓаните и вработените во јавниот сектор, го потсетувам на следните институции каде за жал веќе се потврдени случаи на Ковид-19:
Град Скопје
Државен просветен инспекторат
Агенција за храна и ветеринарство
Секретаријат за европски прашања
Државен здравствен и санитарен инспекторат
Општина Гази Баба
Државен инспекторат за труд…..

И колку Манчевски треба да набројуваме, додава, за да разберете дека јавниот сектор е оставен сам на себе а соодветни мерки за заштита нема, се задоцнети или се недоволни⁉️

На сите колеги, вработените во јавниот сектор и граѓаните кој се борат со Коронавирусот им посакувам добро здравје и брзо закрепнување.

Манчевски, превземете одговорност и поднесете оставка и Вие и вашиот министер Венко Филипче‼️, порача Стаменковска Стојковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This