СТАМЕНКОВСКА ДО МИРАКОВСКА: Говорот ви беше патетичен, имавте грч на лицето и знаете дека правите предавство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колешке Мираковска, морам со жалење да кажам дека вашиот говор беше премногу патетичен, имавте грч на лицето и знаете дека во овој момент кога излегувате пред македонската јавност правите предавство на македонскиот народ. Дојдовме овде, да слушаме односно да видиме кои се вашите аргументи, затоа дека овој договор е добар. Но Вие наместо да кажете аргументи, да дадете аргументи зошто овој договор е добар, Вие раскажавте приказни за деца. И ништо не кажавте, и реплицираше Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката од СДСМ во Комисијата за уставни промени.

Стаменковска посочи дека како дипломиран правник очекувала од страна на Мираковска да излезе на говорница, да ги даде сите правни аргументи за „добриот потпишан договор“, но не дала. Ја потсети дека како пратеник во ова Собрание на Република Македонија имаат една и единствена обврска да го чуваат интегритетот на Република Македонија, да го спроведуваат Уставот и законите кои што постојат во Република Македонија.

-Барањето од нас да гласаме за неуспешен референдум и за промена на уставното име на Република Македонија е барање од Ваша страна до сите пратеници во Собранието на Република Македонија, сами да си одредат казна, посочи Стаменковска. Колешке Мираковска, како дипломиран правник ќе знаете дека за еден склучен договор без разлика дали станува збор за договор кој што е склучен меѓу две страни во Република Македонија или меѓународен договор треба да се потпишат две страни. Овој договор прв пат во историјата и на Република Македонија но и на меѓународното право е склучен помеѓу две страни од кои што едната страна е незнајна страна. Јас не познавам договор кој што е склучен со незнајна страна, пишува првата договорна страна Грција и втората договорна страна. Колешке Мираковска како дипломиран пратеник треба да знаете дека ваков договор е ништовен договор. Правото не познава признавање на ништовен договор, ја потсети Стаменковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This