СТАНИ ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК: Македонска верзија на ,,Како да станеш Милионер’’

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се работи за никаква успешна приказна или пак богатство стекнато со макотрпна работа, се работи за државен службеник кој никој во државата не знае како се стекнал со своето огромно богатство. Се работи за директорот на Фондот за иновации и развој на технологии, Јован Деспотовски, директор на државна институција која е главна тема во државата, но за жал поради сомнеж за злоупотреба на државни пари.

Имено во анкетниот лист кој Деспотовски го доставил до Анкетната Комисија тој пријавил завиден имот за државен службеник кој претходно има работено во државниот Секретаријат за Европски Прашања. Тој во својот анкетен лист пријавил 2 куќи, 3 стана, 3 дуќана и луксузен автомобил Ауди. Доколку ја земеме во предвид имотната состојба на поранешниот државен службеник, просторот за сомнеж како тој се стекнал со огромното богатство е огромен. Нејасно е како државен службеник се стекнал со волкав имот, со единствен приход државна плата.

Во моментов инфамозниот Деспотовски, кадар на СДСМ е актуелен во јавноста поради корупциски скандал вреден 10,5 милиони евра , со доделувањето на грантови на фирми блиски до власта, Заев и СДСМ, од страна на Фондот каде е тој директор. Можеме да замислиме само како за неколку години ќе изгледа веќе запрепастувачкиот имотен лист на Деспотовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This