Стартува електронско признавање на странски дипломи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Процесот на дигитализација како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и МОН со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните.

Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право, соопшти Министерството.

– По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство. За таа цел, изготвени се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правните прописи, а воедно и ќе се врши електронско плаќање, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука.

Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.

Министерството додава дека процесот на дигитализација на оваа услуга е реализиран со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, како партнери на МОН и воопшто на Владата, во насока на унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на услугите кои институциите на системот ги нудат на граѓаните.

Интеграцијата на услугите на порталот uslugi.gov.mk беше извршена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This