Стевановиќ: Капацитетите на Клиниката се исполнети, нема слободни кревети ниту во модуларната болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување во „360 степени“ зборуваше за пристапот и лекувањето на заболените со ковид-19.

Таа рече дека во моментов капацитетите на Клиниката се исполнети, вклучувајќи ги и болничките легла во модуларната болница.

„Во модуларната болница од голема помош ни се колегите од интерните клиники, таму заедно работиме, бидејќи само ние од Инфективната клиника не можеме да ја опслужиме и да дадеме квалитетно, следење и негување на пациентите“, вели Стевановиќ и додава дека во лекувањето на ковид-пациентите вклучени се сите бели мантили.

Зборувајќи за тоа како се одлучува дали некој пациент ќе биде задржан на Инфективната клиника или ќе биде препратен во друг ковид-центар, таа вели дека најважно е за овие пациенти да бидат хоспитализирани и да бидат под надзор на лекар.

„Она што е најзначајно ако имаме пациент со многу тешка клиничка слика која е очигледна при преглед. особено каде што и транспортот на пациентот може да биде ризичен, најважно е тој пациент да биде веднаш згрижен. И за тие пациенти е најважно да бидат хоспиталзирани и под надзор на лекар. Морам да прецизирам дека и во една ваква непредвидлива болест како што е ковид-19, па и промените на варијации со вирусот што ги гледаме, секој пациент треба да се следи индивидуално и многу блиску“, вели Стевановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This