April 26, 2024, 10:04 am

Стевчо Јакимовски фаворит за градоначалник во Карпош како кандидат на ГРОМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанската опција за Македонија и неколкукратен градоначалник на општина Карпош е најсериозниот кандидат за нов градоначалнички мандат.

Повеќе теренски и телефонски анкети покажуваат убедливо водство на Стевчо Јакимовски пред неговите противкандидати.

Од трката за градоначалнички мандат во општина Карпош испадна најсериозниот кандидат на СДСМ, досегашниот градоначалник Стефан Богоев, од кого две третини од жителите на Карпош се изјасниле како незадоволни од работата на Богоев.

За разлика од Стефан Богоев, повеќе од половина од жителите на општината го доживуваат Стевче Јакимовски со позитивен сентимент, очекувајќи нова кандидатура од лидерот на ГРОМ.

– Ги имам во предвид последните истражувања на јавното мислење, и ќе го испочитувам барањето на моите сограѓани од Капрош. На овие локални избори ќе бидам кандидат за градоначалник на општината, предложен од Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ. Сите политички чинители се добредојдени да ја поддржат мојата кандидатура, изјави Јакимовски за Инфомакс.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This