Стевчо Јакимовски: Co пpaвo ce бapдoвчaни зaгpижeни, нe знaaт дaли co нoвитe кoмшии имoтитe и нивнaтa бeзбeднocт ќe бидaт зaгpoзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски преку социјалната мрежа Фејсбук, коментира за состојбата со бегалците од Авганистан.

Јакимовски посочува дека уште во 2017-та година предупредувал дека во Бардовци ќе се гради камп за мигранти, но дека никој не му верувал.

Во продолжение објавата на Јакимовски:

Во 2017та предупредував дека во Бардовци ќе се гради камп за мигранти и никој не ми веруваше.

Впрочем тогаш никој ништо не ни веруваше.

Беше вистинско лудило или што би рекла кумановката: “Иде Дунав”.

Лагите, еуфоријата да се донесе СДСМ на власт беа големи колку Дунав. Но, после 4 години еве ја повторно истата тема -“Кампот за мигранти во Бардовци”. Бардовчани протестираат, а мислам дека треба да им се приклучат и сите карпошани зошто преку глава ни е од се и сешто во Скопје и би било добро малку да дисперзираме од моќта во главниот град.

На пример би било интересно овој камп да се гради во Струмица. Има простор колку сакаш, струмичани се гостопримливи луѓе, премиерот ни е од таму. Колку ќе биде убаво кога мигрантите ќе доаѓаат, премиерот како и обично со раката на срце и прекрасна насмевка ќе ги пречека како вистински домаќин. На своето – во Струмица, а не на туѓо во Карпош.

Со право се бардовчани загрижени, не знаат дали со новите комшии имотите и нивната безбедност ќе биде загрозени. Тие упорно вртат еден телефон, што е и нормално, во својата општина Карпош, но од таму градоначалникот не ги удостојува ниту со телефонски разговор, а камо ли да ги удостои со средба како негови граѓани.

Тоа е безобразлук, игнорирање на реален проблем од кои се плашат овие луѓе и логично е градоначалникот да ги удостои. Да ја сподели нивната загриженост или да ги поддржи во нивните напори или пак да си застане зад својата влада.

Трето нема. – стои во објавата на Стевчо Јакимовски.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This