Стејт Департментот пpeдупpeдува: Американците да не патуваат во Украина поради можнa вojна со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стејт департментот денеска објави предупредување за опасност при патувања во Украина до најкритично црвено ниво и советува Американците да не патуваат во оваа земја бидејќи постојат закани Русија да започне воена акција против Украина.

Од американскиот надворешнополитички орган го реафирмираат советот државјаните на САД да не патуваат во Украина поради Ковид-19 и да сменат планови за патувања во оваа земја поради зголемените закани од Русија.

-Американските граѓани треба да бидат свесни за извештаите дека Русија планира значајна воена акција против Украина, се вели во предупредувањето за опасност при патување.

Се потсетува за безбедносната ситуација во регионот, „посебно околу границата на Украина, во окупираниот од Русија полуостров Крим и во контролираната од Русија источна Украина“.

-Ситуацијата останува непредвидлива и може да се влоши без најава.

Се додава дека е можна воена акција на Русија каде и да било на територијата на Украина, што би влијаело сериозно на можноста американската амбасада во Киев да обезбеди конзуларни услуги, како помош за државјаните на САД да заминат од Украина.

Се предупредува да не се патува на Крим и во Донецк и Луганск „каде се стационирани сили предводени од Русија и каде во тековниот оружен конфликт досега загинаа над 13.000 лица“.

-Многу луѓе, вклучувајќи и американски државјани, откако биле стопирани на контролни пунктови им се заканувале, ги задржувале или ги киднапирале со часови или денови а од страна на силите предводени од Русија, велат од Стејт департментот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This