СТОИЛКОВИЌ: Србија е презадоволна од македонската Влада, 15 компании кои требаше да инвестираат тука, капиталот го вложија таму

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија, од сето тоа што се случува во Македонија, порачува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Но, ова негово тврдење воопшто не се темели на пофални зборови за македонската Влада.

Тој во интервју за КУРИР говори за повеќе аспекти од најактуелните случувања во  Македонија, но и за економијата, за договорот со Преспа, за уставните измени, за надворешната политика…

– Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија. Зошто? Од многу проста причина што 15-тина инвеститори кои во изминатиов период требаше да дојдат во Македонија, скоро сите во изминативе година-година ипол, си ги отворија своите капацитети во Република Србија. Од тој аспект српската Влада и целото политичко раководство е мошне задоволноод политиките на македонската Влада. Што се однесува до делот кога станува збор за можните решенија, ќе ве вратам на фактот дека овдека најдобро  за овој момент во кој се наоѓаме, одговара реченицата на Слободан Милошевиќ, за време на промените во Србија во 2000-та година кога рече дека некои грешки ќе се поправат, но некои грешки нема да може да се поправат, истакна Стоилковиќ во интервју за КУРИР.

За потребата од вонредни парламентарни избори, тој вели дека тие се неопходна потреба на граѓаните на Република Македонија, но вели дека за да дојде до тоа треба да се склопат коцки кои во моментов не се склопени.

Обвинува дека со уставните измени по Договорот од Преспа, не се прави општество за сите, туку општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура.

-Новоформираната република Северна Македонија допрва ќе треба да го менува својот уставо-правен систем. Јас мислам дека тука има многу малку простор и дека најпразната флоскула која е кажана во иминатиов период е дека правиме едно општество за сите. Правењето на едно општество за сите е продавање на обична магла затоа што, во суштина, ние не правиме едно општество за сите, туку правиме општество за Албанците и општество за една хибридна национална структура која најверојатно ќе се состои од нешто што порано беше македонскиот народ и припадниците на помалите етнички заедници, рече лидерот на ДПСМ во интервју за КУРИР.

Целото интервју, можете да го погледнете во видеото кое ви го пренесуваме во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This