СТОИЛКОВСКИ: Здpaвството да не биде зaлoжниk на тендери за градба на Шпанско Село 2

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска од Нерези, локација на која, како што вели, треба да се градат две од петте за сега планирани касарни на Филипче, даде изјава за медиумите во која повика министерот за здравство, без одлагање, да си замине од функцијата.

Стоилковски посочи дека Филипче за две години не успеал да направи ниту еден градежен зафат во медицинска инфраструктура, но затоа добитникот на јавни набавки со потпис на Филипче и на директорите под Филипче имаат градежни зафати за изградба на Шпанско село 2 заедно со семејството на Филипче.

– Венко Филипче да одговори, како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно? Како градежен партнер и сосопственик на имоти со семејството на Филипче добива 8 милиони евра на тендери Зошто зад мене на задолжителната информациска табла стои семејна куќа ако градежната дозвола е А4 за времено сместување? Дали овој градежен зафат за времено сместување што опфаќа и дом за стари лица е резултат на разговорите со Боки 13? Уште колку нему блиски функционери имаат парцели во делот на Шпанско село 2?, праша Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека здравството не може ниту ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерско Шпанско Село во Нерези на Водно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This