Стоилковски: Петре Шилегов должи одговор како направи пола милион евра повеќе од административна плата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов да одговори како направи пола милион евра повеќе од административна плата.

„Петре Шилегов должи одговор зошто ниеден инспектор не минува на неговата улица каде гради на диво. Петре Шилегов должи одговор како менува документи во Катастар во сабота. Петре Шилегов должи одговор како добил “Одобрение” со стариот имотен лист. Петре Шилегов должи одговор од каде пари за луксузна вила од 300m². Петре Шилегов должи одговор од каде 130.000 евра за коли. Петре Шилегов должи одговор како фирмата има помал ќар од хонорарот што му го исплаќа. Петре Шилегов должи одговор како и зошто Водовод руши улица до неговата куќа и гради без договор. Петре Шилегов должи одговор зошто ниедна градежна фирма не оди на лицитација на градските милионски тендери. Наместо да одговори, Шилегов ќе прашувал. Резил! Но, си знае Петре Шилегов дека должи, и ќе се оддолжи по смената на власта, пишува Стоилковски на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This