Стоилковски: 3аев нeмa пpoблем jaвниот долг да биде поголем од 70 проценти од БДП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава на утринска програма на Алфа телевизија гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. При своето гостување Стоилковски посочи дека откако дојде СДСМ на власт навика стана да се носат закони по брза постапка.

„Брзите постапки, носење на закони по брзи постапки воопшто не е демократски зафат. Да, има процедура која што тоа го овозможува, но тука се злоупотребува. А, за што се злоупотребува е тоа е дополнителна приказна“, појасни Стоилковски.

Стоилковски додаде дека не можат да се носат закони по скратена постапка кои нема да бидат во насока за она што би се ставиле во брза процедура.

„Апсолутно, се работи за низа злоупотреби од страна на ова владејачко мнозинство. Старо – новата коалиција на лагата како што ја посочуваме и е бидејќи лаже за многу работи. Дури и ги добија изборите врз лажни ветувања. А, носењето на законите по скратена постапка нема да добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа е веќе посочено и координаторот на најголемата пратеничка група во Парламентот, морам да истакнам, нема да се дозволи носење на закони по брза постапка што ќе биде на штета на граѓаните и на општеството“, истакна Стоилковски.

Стоилковски посочи дека колку и да истакнува Филипче, градителот би рекол наместо министерот дека се работи за здравствени проблеми и потреби за справување со епидемијата за тоа имаа прво доволно време, а второ досега покажа само чиста лукративност, а ништо во насока на зафатот.
„Оние уредби со законска сила кои што мислам дека се уште не се најдоа во собраниска процедура иако според Законот Уредбите со законска сила кои што носеше Владата, а во насока на справување со кризата, техничката Влада мора да поминат низ Собранието. И мора нивните одлуки да бидат одобрени од 2/3 од Собранискиот состав, тие не можат да добијат поддршка. Зошто? Затоа што ниеден зафат фактички не беше насочен кон справување со економската и здравствената криза со епидемијата“, потенцира Стоилковски.

Стоилковски рече дека заклучно со тоа не верува дека носењето на закони по брза постапка ќе бидат баш во таа насока, и ќе бидат нешто поразлично од она што досега го правеше оваа коалиција.
„Мене многу ме исплаши јавниот долг. Долг од БДП на една земја според сите европски критериуми тоа не смее да надмине над 60%. А, Зоран Заев јавно истакна дека можел да оди слободно и до 70%. А, тоа е вон европските критериуми“, нагласи Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This