(Фото+Видео) Kaдe oтидe cвeтoт: Bo Чиле зaпaлeни нajмaлкy двe цpкви, нa yлицитe ce coбpaа илjaдници лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку две цркви се запалени во чилеанскиот главен град Сантијаго, а илјадници луѓе се собраа на улиците на годишнината од смртоносните протести против конзервативната Влада.

На фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи може да се види како се руши кулата на “Parroquia de la Asuncion”, една од најстарите цркви во Сантијаго, како и црквата “Iglesiu de San Francisco de Borja” која полицијата ја користи за разни церемонии.

Протестите започнаа мирно на плоштадот „Италија“, но набрзо ситуацијата ескалираше поради зголеменото присуство на полицијата.

Јужноамериканската земја беше погодена од насилните протести во периодот од 18-ти октомври до 20-ти ноември минатата година, протести кои го парализираа главниот град на земјата. Демонстрантите побараа подобар пристап во здравствената заштита и образованието, како и оддалечување од неолибералниот економски систем.

Во протестите беа убиени најмалку 30 лица, а чилеанската полиција се најде на удар на критики поради примената на прекумерна сила.

Протести и неодамна избија во земјата во пресрет на референдумот на 25-ти октомври на кој Чилеанците ќе одлучат дали сакаат уставни промени, инаку едно од клучната барања на демонстрантите.

Инаку, актуелниот Устав од 1980-та година датира од времето на диктаторот Августо Пиноче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This