(Видео) Kинa e нajголемата зakaна зa cлoбoдниот cвeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На секои 10 часа Федералното биро за истражување на САД отвора по еден случај поврзан со кинеска шпионажа во Америка. Според директорот на ФБИ Кристофер Вреј, најголемата закана за слободниот свет не е Русија туку Кина, заспаниот змеј кој се чини полека, но сигурно завладува со светот.

 (Photo by Chip Somodevilla/Getty Images)

-Контраразузнавачките и економските шпионски напори кинеската Влада и кинеската комунистичка партија се сериозна закана за економската благосостојба и демократските вредности на Соединетите држави.

Соочувањето со оваа закана е најголем приоритет на контраразузнавањето на ФБИ.

Да бидеме јасни, противник не е кинескиот народ или народот со кинеско потекло или наследство. Заканата доаѓа од програмите и политиките што ги спроведува авторитарна влада.

Кинеската влада користи тактики кои сакаат да влијаат врз законодавците и јавното мислење за да постигнат поповолни политики за Кина.

Во исто време, кинеската влада се обидува да стане најголемата суперсила на светот преку предаторски заеми и деловни практики, систематска кражба на интелектуална сопственост и дрски сајбер упади.

Напорите на Кина се насочени кон бизнисите, академските институции, истражувачите, законодавците и пошироката јавност и ќе бараат одговор на целото општество. Владата и приватниот сектор мора да се посветат на заедничката соработка за подобро разбирање и спротивставување на заканата, вели директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This