April 30, 2024, 11:28 pm

Столтенберг обвинyва за зaговоp: Русија и Кина дека се обидуваат да го прекројат светскиот поредок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европа и Соединетите држави треба да работат заедно за да го заштитат постојниот светски поредок, што го оспоруваат Русија и Кина – тие се обидуваат „да ги преобликуваат правилата во согласност со нивните интереси“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Европа и Соединетите држави треба да го заштитат постојниот светски поредок, што е оспорен од авторитарните режими на Кина и Русија, кои се обидуваат да ги променат правилата во согласност со нивните интереси“, рече Столтенберг на Конференцијата за безбедност во Минхен, на која се одржува се одржува виртуелно.
Според него, подемот на Кина може да има последици врз колективната безбедност и сојузниците, нивниот просперитет и начинот на живот.

„Затоа, НАТО треба да ја продлабочи соработката со своите најблиски партнери, Австралија и Јапонија“, изјави генералниот секретар.

Заштитата на редот заснован на правила започнува со заштита на нашите вредности, додаде тој.

„Треба да ги зајакнеме нашите демократии, да ги заштитиме нашите институции. Треба да покажеме посветеност на трансатлантската солидарност не само со зборови, туку и со дела. Во овој поглед, работиме на агенда за иднината на сојузниците. Треба да го зајакнеме нашето единство, да ја зајакнеме нашата посветеност на колективната одбрана“, истакна Столтенберг.

Тој ги повтори заканите, за кои рече дека се соочуваат сојузниците.

„Подемот на Кина, сериозните сајбер напади, климатските промени, дестабилизирачките активности на Русија, терористичката закана“, рече Столтенберг, истакнувајќи дека НАТО е единствена платформа што ги обединува Европа и Северна Америка на дневна основа и каде сојузниците можат да се консултираат за сите безбедносни прашања.

Претходно Столтенберг ја обвини Русија за агресивни активности против нејзините соседи и повика на зајакнување на врските меѓу Европа и Северна Америка. Тој исто така рече дека стратешкиот концепт на НАТО од 2010 година бара корекција , бидејќи не ги зема предвид напорите на Кина и влошените односи со Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This