Стојановска до Царовска: Зошто не излезете на говорница со таблет или мобилен телефон, туку од обични листови хартија ни прочитавте податоци кои само вие ги знаете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе ја запрашам министерката Царовска зошто овде на говорница не излезе со еден таблет или мобилен телефон како што често го користи, па да ни иститка некоја информација од Шведска, Данска или Финска, туку со обични листови хартија ни прочита некои податоци која што само таа ги знае и за кои само таа може да посведочи. Ова е еден срамен чин за една министерка за образование на држава која што цели да има европско образование, рече од собраниската говорница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Таа на денешната седница за Законот за учебници ја критикуваше министерката Мила Царовска и поради нејзиниот арогантен однос кон опозицијата.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата реагираат по основ на членот 91 и членот 92 од деловникот за работа во Собранието на Република Македонија според кој за одржување на редот на работата се грижи во случајов потпретседателот на Собранието. И во нив се вели дека Претседателот на Собранието ќе му го одземе зборот на пратеникот – во случајот министерката за образование Царовска, кога тој пратеник со својот говор го повредува редот, а на истиот ред се повика министерката. Не почувствувавме никаква почит од нејзина страна кон нас. Вас ве гласале граѓаните исто како и нас што не гласале, и во ова Собрание должни сте да не сослушате и почитувате затоа што ние сме гласот на народот. А вие чиј глас сте не знам. Но, најмалку заслужувате да бидете министерка за образование и да се однесувате вака спрема овој законодавен дом, кажа од говорницата Стојановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This