(Видео) Хaoc пpeд вakцинaлниoт пyнkт „Јане Сандански“: Гpaѓаните, пoвeќeтo oд нив вo гoдини co часови чeкaaт дa бидaт вakциниpaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешниот ден пред амбулантата „Јане Сандански“ во Скопје, граѓани со часови чекаа на ред за да бидат вакцинирани, во моментот кога пристигна нашата екипа, десетици граѓани чекаа за да бидат вакцинирани.

Според она што го велат граѓаните пред камерата на „Инфомакс“, гужвата настала проди доцнење на вакцините од складиштата, и затоа со часови се чека за вакцинација.

Поголемиот дел од граѓаните кои што чекаат пред вакциналниот пункт во „Јане Сандански“ се во години, дел од нив немаат доволно сила да чекаат, имаат нарушено здравје па решија да си заминат.

Граѓаните стравуваат дека во оваа гужва и турканица можат да се заразат со Ковид-19, бидејќи како што велат, не се почитуваат мерките за дистанца.

Во текот на вчерашниот ден министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук се пофали токму со успешниот процес, односно ланец на вакцинација, но очигелдно реалноста е многу поинаква.

-Напорите на планот на имунизацијата опфатија и партнерска соработка со УНИЦЕФ и СЗО во областите на изготвување на национален план за вакцинација за Ковид 19 и надминување на предизвиците во врска со обезбедувањето вакцини и нивно чување и друга логистика, благодарение на што се создадоа функционален ланец на снабдување со вакцини и обучени здравствени работници и вакцинатори во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This