СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ГО ИЗБРИШАА „МК“ ОД СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ: Солза Грчева повика да не се купуваат вакви производи на кои не стои „МК“ на ознаката за земја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Производите од увоз во Македонија веќе почнаа да ги менуваат и меѓународните ознаки „МК“, а засега наместо дефинирана согласно договорот кој Заев го потпиша со Ципрас, стои само празно место

Ова го забележала и Солза Грчева, која повика на бојкот на ваквите производи, повикувајќи ги граѓаните да проверуваат и доколку констатираат дека тоа е случај, да не купуваат такви производи. Таа прашува дали во Македонија има царина, пазарна инспекција која дозволила увоз на вакви производи.

„Кој дозволил увоз на козметика, каде на местото за ознака на нашата држава стои празно место???
Ќе прашав постои ли пазарна инспекција, царина итн. Ама одговорот на сите ви е јасен.
Граѓанска непослушност за вакви увозни производи. Никој да не им купува. И не само на увозни“ – пишува Грчева на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This